Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Роналдо го откри новиот селектор на Бразил: Сите ќе бидат изненадени

Роналдо го откри новиот селектор на Бразил: Сите ќе бидат изненадени

Бразил секогаш е помеѓу главните фаворити за освојување на Светското првенство, меѓутоа „Кариоките“ на светска титула чекаат уште од 2002 година.

 Во Катар беа елиминирани од Хрватска на пенали, а со завршувањето на настапот на Мундијалот си замина и селекторот Тите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во овој момент Бразилците се во потрага по нов селектор. Новинарите го запрашаа и Роналдо за името на новиот селектор. Според Роналдо и неговите информации нов селектор на Бразил ќе биде тренерот на Флуминенсе, Фернандо Диниз.

„Ако се случи тоа што се најавува сите ќе бидат изненадени. Информациите кои ги имам ми говорат дека нов селектор на Бразил е Фернандо Диниз. Во игра беа и други имиња, но не сакам сега да ги споменувам.

Очекуваме официјална потврда од федерација, иако можеби е раноп за такво нешто. Фернандо Диниз ќе биде голема атракција во репрезентацијата. Под негово водство тимовите играат атрактивно и приредуваат шоу“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Луди правила во МЛС кои би можеле да го доведат Де Брујн кај Меси

Правилата под кои функционира и по кои живее светот на фудбалот во Соединетите Американски…