Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дали Модриќ е блиску до репрезентативна пензија? Далиќ не мисли така…

Дали Модриќ е блиску до репрезентативна пензија? Далиќ не мисли така…

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ и на триесет и седум години е главната движечка сила на избраниците на тренерот Златко Далиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крилјата на неуморниот играч за врска на Реал Мадрид „коцкестите се изборија за новото полуфинале на Мундијалот, а сите се прашуваат како ќе изгледа Хрватска откако Модриќ ќе се пензионира.

Сепак, според селекторот Далиќ, најдобриот играч на СП 2018 во Русија се уште не е ни блиску до пензија.

“Тој е сериозен професионалец, џентлмен во копачки. Го дава својот максимум на секој тренинг, работи дури и дополнително, индивидуално. Тешко дека ќе најдете некој на 37 години да ја води репрезентацијата вака.

Не е многу нормално, но Лука покажува квалитет. Некои почнаа да го отпишуваат, тој се врати и ја одведе Хрватска во полуфинале. Лука Модриќ уште долго ќе ја води Хрватска. Тоа јас ви го кажувам…“, изјави Далиќ по мечот против Бразил.

Модриќ ќе ги предводи своите соиграчи во полуфиналето на Светското првенство кое Хрватите ги чека во вторник на 13 декември од 20 часот против Аргентина на Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…