Дома Фудбал Ван Гал: Ова беше мојот последен натпревар

Ван Гал: Ова беше мојот последен натпревар

Холандија остана без селектор, откако Луј Ван Гал си поднесе оставка по поразот на пенали од Аргентина во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.

Ван Гал кажа дека е време да си замине од репрезентацијата, која ја предводеше по третпат во неговата богата кариера.

„Нема да останам. Ова е мој последен натпревар. Не загубивме ниту еден меч, не знам колку добивме, но може да проверите на ‘Гугл’“, кажа 71-годишниот Ван Гал.

Холандија под негово водство во последниот мандат запиша 16 победи, шест ремија и ниту еден пораз, при што гол-разликата беше 51-17.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …