На почетокот на наредната година, на трети јануари РФМ ќе биде организатор на ракометен спектакл по повод 30 години машка репрезентација а исто така натпреварот треба да биде и официјално простување за некои од досегашните ѕвезди кои досега немаа таква чест, а веќе се „пензионери“.
Натпреварот ќе биде одигран во време на подготовките на селекцијата за Светското првенство во Полска. Тоа ќе биде ревијален натпревар со тим составен од сегашни и поранешни репрезентативци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот ќе се игра во „СЦ Борис Трајковски“ и сигурно ќе биде вистински спектакл и магнете за ракометните вљубеници.
На теренот би требало да се најдат Кире Лазаров, Раде Стојановиќ, Ванчо Димовси, Филип Лазаров, Стевче Алушовски, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Наумче Мојсовски…Како и многу други.