Дома Фудбал Шчесни го смируваше расплаканиот син по елиминацијата од Светското првенство 🎥

Шчесни го смируваше расплаканиот син по елиминацијата од Светското првенство 🎥

Полска вчера беше поразена од Франција во осминафиналето на Светското првенство, голманот Војчех Шчесни беше најзаслужниот што Полјаците ја поминаа групата. Против Франција не можеше и тој да помогне.

По елиминацијата Шчесни освен што беше разочаран имаше и дополнителен проблем, не можеше да го смири својот расплакан син Лиам.

Неговиот син допатува во Катар специјално за нокаут-фазата, но немаше среќа да гледа повеќе од еден натпревар.

Шчесни засега е единствениот голман на ова Светско првенство кој одбранил два пенали, по еден со Саудиска Арабија и Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хасукиќ ја реши Шкендија Арачиново, ВАР го потврди вториот удар на Силекс

Силекс славеше со 2:0 во Кратово со два погодока на Есмир Хасукиќ. Вториот гол беше призна…