Килијан Мбапе со два гола ја предводеше Франција до победа против Полска во осминафиналето, а по тој натпревар конечно се појави пред новинари.
Во текот на Светското првенство Мбапе одбиваше да се појавува на прес-конференции и да дава изјави, поради што се пишуваше дека Фудбалската федерација на Франција ќе плати казна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Мбапе се огласи и потврди дека сам ќе си ја плати казната затоа што тоа е негова одлука.
„Немам ништо против новинарите, само сакам да се фокусирам на натпреварите. Кога се фокусирам на нешто 100% не сакам да губам време на други работи. Ќе си ја платам казната, Федерацијата не може да плаќа за моја одлука“, изјави Мбапе.
Во четвртфиналето на Мундијалот Франција ќе игра против Англија, овој натпревар се игра на 10. декември во 20 часот.