Дома Трансфер зона Играчот на Реал жали што не отиде во Барселона!?

Играчот на Реал жали што не отиде во Барселона!?

Тој беше дел од една голема трансфер сапуница овој преоден рок во Шпанија, која заврши со негов трансфер во Реал Мадрид.

Имено, Дани Себаљос беше една од најголемите ѕвезди во преодниот рок, па на крајот дресот на Бетис го замени со оној на Реал Мадрид. Меѓутоа, денес шпанските медиуми пренесуваат дека играчот жали за таквата одлука.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Себаљос не може да се избори со големата конкуренција во срдниот ред на Реал Мадрид, па им се поверил на пријателите дека жали што одлучил да се пресели во „кралскиот“ клуб.

Во досегашниот дел од сезоната, Себаљос одигра само 10 минути и тоа во реваншот од Суперкупот против Барселона.

Токму Барселона силно го посакуваше Шпанецот ова лето, па со оглед на моменталната ситуација кај Каталонците, сигурно ќе добиваше поголема минутажа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…