Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Чарлтон, па сега Рашфрод: Дали фудбалот се „враќа дома“?

Чарлтон, па сега Рашфрод: Дали фудбалот се „враќа дома“?

Репрезентацијата на Англија одигра одлично во групната фаза на Светското првенство. „Гордиот Албион“ го зазеде првото место во групата Б во конкуренција на САД, Иран и Велс со седум бода и гол разлика 9:2.

Англичаните во осминафиналето ќе играат против второпласираната селекција од групата А, африканскиот шампион Сенегал. Тој натпревар се игра в сабота.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една информација посебно ги радува суеверните Англичани, поточно головите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Марукс Рашфорд.

Момчето кое израсна на „Олд Трафорд“ и цела кариера ја одигра за „црвените ѓаволи“ стана првиот играч на Манчестер Јунајтед по легендарниот Боби Чарлтон во 1966 година кој постигнал три гола за Англија на Светското првенство.

Како што веројатно знаете, Англичаните беа домаќини на Светското првенство во 1966 година и ја освоија првата и единствена светска титула.

Рашфорд во групната фаза на Светското првенство во Катар постигна гол во убедливата победа на Англија против Иран со 6:2 и уште два во триумфот на избраниците на селекторот Герет Саутгејт против Велс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…