Манчестер Јунајтед доби сериозна конкуренција за потписот на холандската ѕвезда, Коди Гакпо, пренесуваат медиумите на Островот.
22-годишната ѕвезда на ПСВ одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а на Мундијалот е една од најголемите ѕвезди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед веќе подолго време се обидува да го доведе на „Олд Трафорд“, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Ливерпул.
ПСВ после одличните партии сигурно нема да го пушти за помалку од 80 милиони евра, а Ливерпул започнал преговори со неговиот агент.
Двата англиски гиганти ќе водат голема битка за неговиот потпис, а Гакпо веќе потврди дека сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚! Liverpool are about to get in contact with Cody Gakpo's representatives! 👀
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 29, 2022
(Source: @VI_nl) pic.twitter.com/K6vzueDK2D