Ливерпул и Челзи се силно заинтересирани за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат англиските медиуми.
Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2024 година, и Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, последните информации се дека Бенасер одбил да ја продолжи соработката бидејќи сака трансфер во Премиер лигата.
Поради тоа Милан ќе биде приморан да го продаде на лето, а за неговата слобода бара 50 милиони евра.
Челзи и Ливерпул се спремни да ја платат таа сума и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
🚨 BREAKING: Ismael Bennacer will NOT extend his contract and will leave Milan in June 2023. Three clubs are interested: Chelsea, Liverpool and Arsenal.⚠️🇩🇿 #Milan
— Football Transfers (@Transferzone00) November 29, 2022
(via @DZFOOTBALLDZ)