Дома Топ вести Нова понуда за Санчез – дали е ова најдобро решение за сите!?

Нова понуда за Санчез – дали е ова најдобро решение за сите!?

Алексис Санчез и покрај фактот што има само една година од договорот со Арсенал, ова лето остане на „Емирати“, бидејќи „топџиите“ ги одбија сите понуди кои пристигнаа за Чилеанецот.

Најсилен интерес за Санчез покажуваше Манчестер Сити кој испрати неколку богати понуди, но Венгер беше одлучен во намерата да не ја пушта својата ѕвезда во директниот конкурент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ваквата одлука на Венгер може да биде штетна за клубот, бидејќи Санчез не сака да го продолжи договорот, па веќе во јануари може да потпише преддоговор со друг клуб, а на крајот на сезоната да замине како слободен агент.

Англиските медуми пренесуваат дека Сити е спремен во јануари да испрати нова понуда од 20 милиони фунти, која би можела да биде добро решение за сите три страни.

Санчез е веќе има постигнато договор со „граѓаните“ и сигурно дека ќе се пресели на „Етихад“, само е прашање дали тоа ќе се случи во јануари или на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…