Дома Фудбал Интер ја зголеми понудата за Скриниар

Интер ја зголеми понудата за Скриниар

Раководството на Интер испрати нова побогата понуда до агентот на Милан Скриниар за продолжување на соработката.

Интер сега му нуди плата од 5,5 милиони евра по сезона плус 500 илјади евра како бонус, пренесува „Газета дело Спорт“.

Скриниар веќе неколку месеци преговара со „нероаѕирите“ за продолжување на соработката бидејќи неговиот договор истекува на лето.

Скириниар бара плата од 6,5 милиони евра по сезона, иско колку што добиваат Брозовиќ и Лаутаро Мартинез.

Од друга страна ПСЖ му нуди 9 милиони евра по сезона, па постои голема веројатност Интер да го загуби дефанзивецот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…