Дома Фудбал Италија Михајловиќ пред нов ангажман: Ќе биде тренер во Шкотска?

Михајловиќ пред нов ангажман: Ќе биде тренер во Шкотска?

Синиша Михајловиќ наскоро би можел да добие нов ангажман. Според италијанските медиуми, српскиот тренер е на мета на Глазгов од Ренџерс.

Тамошните медиуми пишуваат дека Михајловиќ е првиот кандидат за наследник на Џовани Ван Бронхорст, кој неодамна доби отказ поради слабите резултати, на клупата на шкотскиот гигант.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Ренџерс ја заврши сезоната во Лигата на шампионите без ниту еден бод, додека во првенството заостанува девет бода зад првопласираниот Селтик.

Михајловиќ на 6 септември доби отказ од Болоња по три и пол години водење на тимот. На клупата на италијанскиот клуб седеше 130 натпревари. Пред Болоња раководеше беше тренер на: Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино.

Покрај Михајловиќ, како кандидат за шеф на стручниот штаб се споменува и актуелниот тренер на Макаби од Хаифа Барак Бахар, но Србинот е во предност бидејќи е слободен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…