Легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал, Карл Хајнц Румениге зборувапе за состојбите во светскиот фудбал и за Мундијалот во Катар.
„Кога во 2010 година беше објавено дека Катар ја доби орагнизацијата на Мундијалот 2022, тогаш никој не се залеше. Сега, после 12 години има многу луѓе кои се против. Не гледам логика да си молчел 12 години сега да критикуваш“, изјави Румениге.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали проектот Суперлига беше формиран од очај? Да. Тоа го покажува и аматерскиот начин на кој беше претставен. Не разбирам зошто некој како Андреа Ањели за кого секогаш сум мислел дека е интелегентен човек, требаше така да делува. Читам дека фудбалот бил болен, но благодарение на кого? Благодарение и на такви како него. Манчестер Сити и ПСЖ го контаминираа пазарот и работите секоја година излегуваат се повеќе од контрола. Суперлигата е мртва! Ниту еден германски, англиски и француски клуб нема да се приклучи“, заклучи Румениге.