Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е силно заинтересиран за италијанскиот репрезентативец Николо Барела.




Николо Барела кој е еден од најдобрите фудбалери за врска во Серија А и Анчелоти верува дека ќе биде идеален наследник на Тони Крос.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Кралевите“ на лето ќе прават реконструкција на средниот ред, најверојатно заминуваат ветераните Крос и Модриќ, па на врвот на листата желби е токму 25-годишниот Италијанец.




Барела оваа сезона постигна шест гола и шест асистенции во 20 настапи во сите натпреварувања, па со право го привлече интересот на Реал Мадрид.




Сепак, Интер сигурно нема лесно да се откаже од него, но Реал е спремен да испрати понуда од 70 милиони евра.