Дома Фудбал Репрезентации ФИФА објави кога ќе се играат баражите за Светското првенство

ФИФА објави кога ќе се играат баражите за Светското првенство

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) денес објави дека жребот за баражот за Мундијалот во Русија ќе биде извршен на 17 октомври во Цирих, а натпреварите ќе се играат во ноември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според пропозициите на ФИФА, победниците на двете квалификациски групи ќе изборат директен пласман на Светското првенство, а во баражот ќе одат најдобрите осум второпласирани селекции, а најслабиот второпласиран тим ќе биде елиминиран.

ФИФА ќе ги рангира репрезентациите според бројот на освоените бодови, а потоа според гол-разликата. Доколку во овие две категории екипите бидат израмнети, тогаш репер ќе биде бројот на постигнати голови, а доколку и тогаш биде сѐ израмнето, тогаш понатаму ќе оди екипата што постигнала повеќе голови на гостински терен.

Осумте репрезентации што ќе се најдат во баражот ќе бидат поделени во два барабана. Редоследот на репрезентациите ќе биде одреден според ранг-листата што ФИФА ќе ја објави на 16 октомври. Бараж-натпреварите ќе се играат на 9 и 14 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Невидена ситуација на Светското првенство: Репрезентацијата најде нов тренер среде натпреварување!

Едно од најголемите разочарувања на ова Светско првенство досега е несомнено Тунис, кој пр…