Дома Фудбал Откриен стартниот тим на Германија за првиот меч на СП

Откриен стартниот тим на Германија за првиот меч на СП

Германија ќе го започне првиот меч на Светското првенство против Јапонија со Томас Милер и Гундоган на клупата за резерви, пренесува „Билд“.

Според ведникот селекторот Флик ќе излезе со формација 4-2-3-1 каде Ноер ќе биде на голот, а одбраната ќе ја сочинуваат Керер, Рудигер, Зуле и Гинтер.

Во средината на теренот ќе бидат пет фудбалери на Баерн Минхен, а во нападот ќе игра ѕвездата на Челзи, Каи Хаверц.

Исто така „Билд“ пренесува дека Флик му ветил на Марио Геце дека ќе има важна улога на Светското првенство, но не во стартниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Димитриевски бранеше, Валенсија остана без бод со гол во 96. минута

Валенсија загуби со 1-2 од Виљареал на „Месталја“, иако прва дојде до водство. Столе Димит…