Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Буфон на СП навива за африканска селекција, а како фаворити ги гледа Бразил и Аргентина

Буфон на СП навива за африканска селекција, а како фаворити ги гледа Бразил и Аргентина

Италија ја нема Светското првенство откако беше елиминирана од Македонија во баражот за Светското првенство, па така легендарниот Џанлуиџи Буфон избран да навива за Камерун.

Сепак, Буфон ги смета Бразил и Аргентина како најголеми фаворити за светскиот трон, според него овие селекции се чекор понапред од останатите и напомена дека само една европска селекција може да им парира.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Аргентина и Бразил за мене се селекции кои се многу силни и кои се едно ниво над останатите. Ако гледаме поединечно ми изгледа само како Франција од Европа да може да им парира. Ова го гледам гледајќи го индивидуалниот квалитет, но не знам како ќе играат на теренот како тим. После Франција тука е Белгија која го има одличниот Куртоа на голот“, изјави Буфон.

Ако се остварат прогнозите на Буфон тоа ќе биде враќањето на трофејот од Светското првенство во Јужна Америка после 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Распад-систем на Јунајтед на гости кај Сити (Видео)

Манчестер Сити извојува убедлив триумф во големото градско дерби, совладувајќи го Манчесте…