Дома Фудбал Репрезентации За Бензема четири репрезентации се фаворити на Мундијалот

За Бензема четири репрезентации се фаворити на Мундијалот

Светското првенство во Катар е се поблиску и ќе започне в недела со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор од 17:00 часот. Како што се наближува почетокот така и дел од фудбалерите ги кажуваат своите очекувања.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Карим Бензема сега ги откри според него фаворитите на Мундијал. Напаѓачот на Реал Мадрид издвои четири репрезентации меѓу кои секако беше и неговата Франција.

„Бразил со Винисиус и Родриго е фаворит, исто како Аргентина, Шпанија и секако Франција“, кратко изјави Бензема.

Првиот натпревар на Светското првенство Франција ќе го одигра на 22. ноември, потоа на 26-ти ќе се сретне со Данска и на 30-ти ќе игра со Тунис. Пред почетокот на Мундијалот се појавуваат и статисатики – ТУКА можете да погледнете кои клубови ќе имаат најмногу претставници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перес објави голема вест, но не онаа која се очекуваше

Флорентино Перес свика нови претседателски избори во Реал Мадрид. Тоа беше акцентот на ден…