Како што се приближува Светското првенство во Катар така се прават многу категории и статистички параметри. Откако селекторите ги објавија списоците на фудбалери на кои сметаат, беше објавено и кои клубови даваат најмногу фудбалери на овој Мундијал. Во ТОП 5 има и мало изненадување.
Најмногу репрезентативци ќе има Баерн Минхен со вкупно 17, додека Барселона ќе има 16 претставници, колку и Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ал Сад е изненадувањето со 15 репрезентативци и е на четвртото место. Секако дека најголемиот дел од катарските репрезентативци настапуваат за катарскиот клуб, но не очекуваа до толку многу претставници од овој клуб.
Манчестер Јунајтед го затвора ТОП 5 со 14 фудбалери, додека Реал Мадрид е на шестото место и на претстојното Светско првенство ќе има 13 фудбалери.
Во ТОП 10 клубовите со најмногу репрезентативци се и Ал Хилал (12), Челзи (12), додека десеттото место го делат шест клубови со 11 репрезентативци и тоа Ајакс, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Јувентус и ПСЖ и Тотенхем.
Арсенал и Севиља испраќаат по десет фудбалери, Брајтон, Клуб Бриж, РБ Лајпциг и Рен по осум, додека изненадување е тоа што Интер и Ливерпул испраќаат само седум репрезентативци во Катар.
Бројката на Ливерпул требаше да биде поголема, но многумина беа изненадени што Роберто Фирмино го немаше на списокот на Бразил, додека Мохамед Салах не се квалификуваше за Катар со Египет, а Диого Жота се повреди непосредно пред Мундијалот.
Што се однесува до клубовите од регионот, Динамо Загреб обезбедува пет претставници, а Црвена звезда три.
Кога станува збор за лигите, секако дека петте лиги се убедливо на врвот, а на шестото место е американската МЛС, која дава 26 фудбалери на Светското првенство, што е најмногу во историјата на оваа американска фудбалска лига, што е напредува се повеќе и повеќе и станува попопуларен од сезона во сезона. Секако ова е најмногу благодарение на пласманот на Канада во Катар.
Светското првенство започнува в недела (20 ноември) со натпреварот од 17:00 часот во кој ќе се сретнат Катар и Еквадор во групата А.