Многу фудбалски ѕвезди учествуваат во хуманитарни акции, а последен кој го воодушеви светот е дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер.
Рудигер реши да им помогне на децата во Сиера Леоне од каде што има потекло неговата мајка, па затоа тој собра 11 мали херои на кои ќе им помогне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот кажа дека заработката од Мундијалот во Катар ќе ја вложи за операција на децата во Сиера Леоне за да имаат нормален живот.
Дефанзивецот ја организира оваа акција со помош на германска хуманитарна организација, а целта е да се помогне на дел од жителите на Сиера Леоне кои живеат сиромашно и едвај преживуваат.
За репрезентацијата на Германија, Рудигер досега настапи на 54 меча и постигна два гола.