Хрватскиот репрезентативец, Иван Ракитиќ би можел да биде надвор од ростерот повеќе од очекуваното.
Ракитиќ на натпреварот против Косово заработи повреда поради која не отпатува со репрезентацијата во Турција, иако се мислеше дека ќе се врати на терен за неколку дена, работите сепак се посериозни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, Ракитиќ би можел да изостане од теренот и повеќе отколку што се очекуваше, па тоа значи дека нема да биде на располагање и за Барселона во претстојните два натпревари. Поточно, Хрватот, би можел да го пропушти градското дерби против Еспањол и мечот против Јувентус во Лигата на шампионите.
Доколку биде навистина така, тоа би било голем удар за Барселона, но во својот тим Валверде сепак има како да го покрие редот за врска.
За потсетување, Ракитиќ поради повредата го напушти мечот со Косово во 55. минута, кога со замени Андреј Крамариќ.