Дома Македонски спорт Тројката на Мекиќ против Данска од половина терен 🎥

Тројката на Мекиќ против Данска од половина терен 🎥

Кошаркарската репрезентација на Македонија вчера се избори за тешка, но важна победа против Данска од 74:71 во претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Голема борба се водеше во Гевгелија, долго време го бркавме водството на противникот, но на крајот се изборивме за продолжение во кое бевме подобри за четврта победа во исто толку натпревари во овој циклус.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Одличен натпревар одигра новиот наш плејмејкер Ти-Џеј Шортс кој постигна 33 поени и додаде уште три скока и шест асистенции. Сепак, потегот на мечот му припадна на Адем Мекиќ кој погоди тројка од половина терен.

Тројката може да ја погледнете на: 1:33:30 од видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…