Верона и Јувентус вчера одиграа интересен натпревар на „Бентегоди“ кој на крајот заврши со победа на клубот од Торино.
Верона, која е последна во Серија А, беше домаќин на Јувентус кој успеа да врзе добри резултати во италијанското првенство и вчерашната победа за „старата дама“ беше петта во низа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По овој натпревар многу се коментира судењето, односно двете ситуации од 76. и 84. минута. Првиот момент беше повеќе контроверзен.
Бразилецот Данило беше погоден во рака со топка во шеснаесетникот. Тоа изгледаше како лесна одлука на судијата, но Де Бело по реакција на ВАР ја поништи првобитната одлука. На социјалните мрежи имаше разни коментари, меѓутоа најпознатите италијански медиуми како „Газета“, „Кориере“, „Тутоспоер“, „ДАЗН“ и „Скај Спорт“ се едногласни дека одлуката да се поништи пеналот била правилна.
Поддржани од судиски експерти објаснуваат дека Данило не играл намерно со рака и немал време да реагира по одбиениот шут од Давидовиќ да ја тргне рака.
Втората ситуација во која стоперот на Јувентус, Бонучи прв стигна до топката и не е толку контроверзна, затоа што е јасно дека ако дефанзивецот прво стигне до топката тогаш не е прекршок.
Како и да е за Јувентус е најважно што ги освои трите бода и што влезе во серија од пет победи во низа во Серија А и тоа без примен гол.
Non è vero, a livello di regolamento sono stati analizzati allo stesso modo: palla inattesa, movimento congruo del braccio. In più Danilo ha il fatto che il pallone gli viene calciato addosso in 0,12 s. Guardati che dice Marelli pic.twitter.com/6KxfQNCG46
— Andre distrutto emotivamente dalla Juventus FC (@andre20____) November 11, 2022