Дома Македонски спорт Деби гол за Никола Серафимов во Мол Фехервар

Деби гол за Никола Серафимов во Мол Фехервар

Maкедонскиот репрезентативец Никола Серафиов вчера го постигна својот прв гол во дресот на МОЛ Фехервар. Серафимов погоди, но неговиот тим беше поразен од Ујпешт со 1:2.

Серафимов игра во добра форма и пред само неколку дена се најде во тимот на колото. Сега повторно одигра добар натпревар, но не успеа да го спречи поразот на тешкото гостување. Голот Серафимов го постигна во 66. минута со што го намали резултатот на 1:2.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ујпешт претходно поведе уште во осмата минута преку Цобот, а десет минути пред Серафимов погоди Шабо. Погодокот на македонскиот репрезентативец можете да го погледнете тука.

Со овој пораз МОЛ остана на делба на осмата позиција во Унгарија со 16 бодови, исто колку и Ујпешт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…