Дома Фудбал Уште еден тренерски отказ во Премиер лигата!

Уште еден тренерски отказ во Премиер лигата!

Австрискиот тренер Ралф Хасенхутл доби отказ од управниот одбор на Саутемптон, потврди денес англискиот клуб.

По вчерашниот нов пораз на Саутемптон, овојпат од Њукасл (1:4), веднаш се појавија најави за можна промена на клупата, а тоа денес беше и потврдено.

Во наредниот период како привремено решение клубот ќе го води Рубин Селеш, еден од помошниците на Хазнхулт.

Хазенхутл пристигна на „Сент Мери“ во 2018 година, имаше голема улога во растот на клубот на сите полиња, но во последно време резултатите не беа според очекувањата, па клубот одлучи дека е време за промена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол ја одбил Барселона, Флик ставил вето за Бастони

„Мундо Депортиво“ открива зошто Барселона останала без стопер: првата желба сакала да оста…