Дома Топ вести Крајот на една ера: Плачеа Пике, Чави, Алба…Ретко кој ги задржа солзите на „Камп Ноу“

Крајот на една ера: Плачеа Пике, Чави, Алба…Ретко кој ги задржа солзите на „Камп Ноу“

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез не ги задржа солзите на збогувањето на легендарниот дефанзивец Жерар Пике, кој вчера го одигра последниот натпревар на „Камп Ноу“.

Пике во 85. минута го напушти теренот на мечот против Алмерија, по што доби аплауз и овации од 98.000 навивачи на стадионот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Оваа ноќ ќе ја паметиме како историска. Пике одигра одличен натпревар, сакавме да го испратиме на најдобар можен начин. Не можев да издржам затоа што беше премногу емотивно за мене. Ми поминаа сите успеси кои ги имавме заедно во Барселона. Одлуката е негова и знам дека не е лесно“, вели Чави.

На објавените фотографии може да се забележи дека емотивен беше и Алба, кој не ги задржа солзите. Многумина веруваат дека Алба бил емотивен и поради фактот што и тој наскоро се очекува да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Жанг не го вратил долгот: Интер доби нови газди

Екипата на Интер од денес има нов сопственици и тоа ќе биде американскиот инвестициски фон…