Дома Кошарка Херојот на Лејкерси до пред две години работел како гpoбар и доставувач

Херојот на Лејкерси до пред две години работел како гpoбар и доставувач

Лос Анџелес Лејкерси во драматична завршница против Њу Орлеанс стигнаа до втората победа во НБА лигата. Херојот на Лејкерси од овој натпревар беше не толку познатиот Мет Рајан.

25-годишниот кошаркар со звукот на сирената постигна неверојатна тројка скоро од мpтов агол и така обезбеди продолжение од пет минути во кое „езерџиите“ стигнаа до триумфот.

Мечот Рајан го заврши со 11 поени (три тројки) и сигурно долго ќе го памети. Во НБА тој влезе во март годинава во дресот на Бостон за кој постигна една тројка во пет минути.

Со Лејкерси потпиша договор на крајот на септември и во тој момент тоа беше нешто сензационално затоа што само до пред две години работел се и сешто за да преживее. На 23 години тој работел како гpoбар, а бил и доставувач.

Нема соменвање дека неговата приказна ќе биде и поголема ако продолжи да игра како на вчерашниот натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Митрева верува во оваа Македонија: Заедништвото е наш адут против Естонија

Кошаркарките во сабота од 18 часот ја пречекуваат Естонија во Штип, а Тијана Митрева ја из…