Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: „Петарда“ на Реал, убедлива победа и на Лајпциг

ЛШ: „Петарда“ на Реал, убедлива победа и на Лајпциг

Денес во терминот од 18:45 часот се комплетираа натпреварите од Групата „Ф“ во Лигата на шампионите, а во последното коло убедливи победи забележаа Реал Мадрид и Лајпциг.

Реал Мадрид на свој терен го декласираше Селтик со 5:1. Натпреварот беше отворен уште во шестата минута кога Модриќ го совлада Џо Харт со удар од белата точка. Се играше 21. минута кога „кралевите“ добија нов пенал, сега го реализираше Родриго. До крајот на првите 45 видовме и пенал на спротивната страна, меѓутоа Куртоа не дозволи да биде совладан и го одбрани ударот на Јурановиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По 15 минути игра во вториот дел Реал постигна уште два гола, погодуваа Асенсио и Винисиус. Одличниот Валверде на 20-тина минути до крајот се погрижи за 5:0. Конечните 5:1 ги постави Жота.

Лајпциг на гости го победи Шахтјор со 0:4. По еден гол за германскиот тим постигнаа Нкунку, Андре Силва, Шобозслаи, а сопствената мрежа си ја погоди Бондар. Во оваа група Реал завршува како прв на табелата со 13 бодови, Лајпциг е втор со 12, Шахтјор трет со шест и последен Селтик со два бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…