Дома Трансфер зона Лацио во големи проблеми пред дербито со Рома

Лацио во големи проблеми пред дербито со Рома

Лацио викендов беше поразен од Салернитана, но за следниот меч остана без важен првотимец.

Имено, српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ ќе го пропушти големото дерби со Рома следната недела. Савиќ доби жолт картон во 72. минута, шести сезонава и ќе го пропушти големото дерби.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Лацио имаат причина за грижа, свесни дека многу ќе им недостига Савиќ, за кој се шпекулира дека ќе го напушти клубот оваа зима, но челниците на клубот се подготвени да му понудат нов договор.

Претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито неодамна со својата изјава посочи колку важен дел од неговиот тим е Савиќ.

„Не сакам да го продадам Милинковиќ Савиќ. Ќе му понудам нов договор, а тој вреди 120 милиони евра, а секој месец неговата цена на пазарот се зголемува“, истакна Лотито.

Останува да видиме какво решение ќе пронајде Маурицио Сари за дербито во кое ќе мора да биде без неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…