Дома Тикет на денот Тикет на денот (среда, 26.10.2022)

Тикет на денот (среда, 26.10.2022)

Со вечерашните дуели завршува и 5-то коло на ЛШ, а ќе се добијат многу заклучоци и јасна слика. Ова е нашиот предлог тикет за денес за кој се надеваме дека има големи шанси за пролаз.

Aјакс – Ливерпул – Х2&4+ @ 3.15 во Mozzart

Двата порази на Ајакс од Наполи делува дека ја изгаснаа секоја надеж за да стигнат до нокаут фазата од ЛШ. Постои некоја математичка можност, а тоа е во преостанатите два натпревари да го победат Ливерпул со два гол разлика и Ренџерс во Глазгов во последното коло, а Ливерпул да биде поразен од Наполи во последната рунда. Тоа не е нешто невозможно, но делува дека тоа се големи услови кои треба да бидат исполнети. Ливерпул го демолираше и Ренџерс во Глазгов, но во Премиер лигата не играа толку убедливо. Очекуваме многу погодоци, но не и пораз на Ливерпул. За Х2&4+ коефициентот изнесува 3.15 во Mozzart.

Ајнтрахт – Марсеј – ГГ3+ @ 2.25 во Bet365

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Делува дека групата Д е најнеизвесна во овогодинашното издание од ЛШ. Сите четири екипи имаат шанси да поминат во нокаут фазата, а моментално Германците се најдалеку од пласман во 1/8 финалето. Ќе им треба нив две победи против Марсеј и против Спортинг што не е невозможно. Олимпик Марсеј успеа да ги земе сите шест бода против Португалците и така да ги неутрализира стартните порази. Веруваме дека овде двете екипи ќе одат на победа, па головите не би требало да изостанат. Ние типуваме ГГ3+ со квота 2.25 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.09

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 13.11.2025)

После три дена со многу слаба понуда, денес на репертоарот имаме дуели од квалификациите з…