Репрезентацијата на Македонија до 17 години претрпе тежок пораз на домашен терен од Исланд со 0:3 во квалификацискиот турнир на кој се домаќини.
Од почетокот до крајот Исланд беше подобриот противник на теренот и добро знаеше што сака, избраниците на Вујадин Станојковиќ константно беа во подредена улога. Нашите фудбалери губеа дуели на средината и грешеа во одбраната, а тоа малку што го создадовме во нападот не беше искористено.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После половина час игра Исланд веќе водеше со 0:2, прво Кјартсон во 25. минута, а потоа Гудјохсен ја погодуваа нашата мрежа. Тука веќе се најавуваше поразот.
Набрзо по почетокот на второто полувреме Гудјохсон погодува и за конечни 0:3. Следниот противник на Македонија е Франција за за три дена која денес без проблеми го совлада Луксембург со 4:0.
Македонија: Вргов, Мемиши, Мелиќи, Јовановиќ, Велков, Димитријевски, Љубевски, Манојлов, Елмас, Алији, Ајетович;
Резерви: Али, Алиу, Дејановски, Хаџибулиќ, Коцев, Младеновски, Подрграѓа, Сековски, Стојковски
Фото: ФФМ