Во последно време голем број фудбалски ѕвезди кариерата се решаваат да ја продолжат во МЛС лигата, а причината се финансиските услови кои ги нудат овие клубови.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последни кои се решија да играат во САД од летово се Бејл, Кјелини, Даглас Коста, Чичарито, Инсиње...Сега е објавено кој заработува најмногу.




Инсиње е на врвот со заработка од 14 милиони долари и така е далеку пред сите останати, за споредба Италијанецот заработува десет пати повеќе од Рики Пуиг кој неодамна се пресели од Барселона во ЛА Галакси.




На втората позиција зад Инсиње е Чичарито со 7.4 милиони долари, потоа Џердан Шаќири со 7.15, па Федерико Бернардески со 6.25…Даглас Коста добива 4.5 милиони евра, а последни на листата се Герет Бејл со 2.38 милиони долари и Киелини со еден милион долари.