ФК Љуботен најави дека ќе го спасува Тетекс кој вчера остана без раководството.
Најстариот фудбалски клуб во Македонија објави дека го презема раководењето на градскиот ривал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„На задоволство на сите љубители на фудбалот во Тетово, со особена чест и гордост, сакаме да објавиме дека раководството на ФК и ЖФК Љуботен, го превзема под своја капа и ФК Тетекс, со што своето семејство го проширивме со клуб, со 70 годишна традиција, која ќе продолжи по патеките на успехот.
На ФК Тетекс по турбилентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група “Војводи”, решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува!
Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај.
За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки.
Околу амбициите и плановите, новото раководство во текот на наредната недела ќе има и официјална прес, каде ќе бидете известени за нашите идни работи“, соопштија од клубот.