Полскиот фудбалер Роберт Левандовски ја помина границата од 600 голови во кариерата во победата на Барселона против Виљареал.
Барселона вчера победи против Виљареал со 3:0, а Левандовски на тој меч ги постигна 600-от и 601-от гол во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
34-годишниот напаѓач стана само третиот играч од 2000 година кој ја надмина границата од 600 гола во кариерата, по Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Тој има постигнато 16 гола на 14 натпревари за Барселона во сите натпреварувања откако ова лето пристигна на „Ноу Камп“ од Баерн Минхен.
Во Баерн Левандовски постигна 344 гола на 375 натпревари, додека во дресот на Борусија Дортмунд на 186 натпревари 103 пати ја погоди мрежата.
Левандовски пред да дојде во Германија постигна 21 гол за Знич и 41 за Лех од Познањ, додека за полската репрезентација на 134 натпревари постигна 76 гола.