Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не е задоволен од резултатите на Чави Ернандез, па веќе почна да се пишува за можен негов наследник. Денес „Ел Насионал“ пренесува дека Лапорта има три опции за негов наследник.
Според најавите ако нешто не се промени Лапорта ќе му даде отказ на Чави. Барселона е на раб на елиминација од Лигата на шампионите и само чудо може да ја спаси да се пласира во следната фаза, додека во Ла Лига после поразот од Реал Мадрид заостанува три бода зад големиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информациите на „Ел Насионал“ се дека Чави има три желби за можен наследник, а тоа се Томас Тухел кој неодамна си замина од Челзи, Гаљардо од Ривер Плата, додека последен е Јирген Клоп кој после лошите резултати на клубот од „Енфилд“ не е толку сигурен во Ливерпул.
Како и да е Чави сигурно ќе има време барем некое коло по Мундијалот во Катар да го насочи тимот на вистинскиот пат.