Дома Фудбал Останато Де Јонг: Медиумите лажат, ја намалив мојата плата

Де Јонг: Медиумите лажат, ја намалив мојата плата

Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг ги коментираше гласините за неговата плата во каталонскиот клуб.

Холандскиот играч за врска пристигна во Барса во 2019 година од Ајакс за 85 милиони евра, а медиумите го критикуваа дека одбил да прифати намалување на платата во кризните моменти на клубот ова лето. Се пишуваше и дека ќе биде продаден, за Барселона да се ослободи од неговата плата, но на крајот остана на Камп Ноу.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Дејли мејл“ oбјави дека поранешниот претседател на Барселона, Хозеп Марија Бартомеу, на Де Јонг му понудил повеќе од 400.000 евра неделно.

Со тоа сезонава би заработил 20 милиони евра и следната 25, а како „одложена плата“ би добил речиси уште 20 милиони евра.

„Имаше многу лаги за мојата плата. Ја намалував платата во сите три години колку што сум тука. Парите на крајот ќе се вратат па изгледаат како многу повеќе. Многу луѓе не го разбираат ова, но бројките во медиумите се лажни“, изјави Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити ја доби правната битка со Премиер лигата

Манчестер Сити доби судска битка против Премиер лигата во врска со правилата за комерцијал…