Дома Фудбал Лотито ја одреди цената на Милинковиќ-Савиќ и ги шокира сите

Лотито ја одреди цената на Милинковиќ-Савиќ и ги шокира сите

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ја постави цената на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и ги шокира заинтересираните клубови.

Имено, Лотито за слободата на својата ѕвезда бара 120 милиони евра. Србинот и оваа сезона игра фантастично и веќе има 7 асистенции и 4 гола.

„Немам договор со агентот на Сергеј да го продадеме играчот во зимскиот преоден рок. Во моментов Милинковиќ-Савиќ чини 120 милиони евра, неговата цена расте секој месец“, изјави Лотито.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус и ПСЖ се силно заинтересирани за Србинот и сакаат да го доведат во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…