Дома Фудбал Репрезентации Најголемата легенда на Иран им даде поддршка на жените и остана без пасош

Најголемата легенда на Иран им даде поддршка на жените и остана без пасош

Aли Даеи е најголемата иранска фудбалска легенда, а сега остана без својот пасош затоа што одлучил да излезе на протестите и да даде поддршка на жените кои секојдневно протестираат поради cмртта на млада Иранка.

Максе Амини почина три дена откако беше уапсена од иранската полиција само затоа што не неосела хиџаб. После тој случај во Иран настана голема револуција и се поголем број граѓани на оваа земја даваат поддршка на жените.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На таа поддршка се приклучи Даеи кој откако ја обвини власта остана без пасошот и може да се соочи со дополнителна казна.

„Поради се што зборуваше и што објави на Даеи му е одземен пасошот“, објавија медиумите во Иран.

Ќе потсетиме Али Даеи долго време беше најдобар стрелец за една репрезентација со 109 гола, се додека Кристијано Роналдо не го надмина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…