Дома Трансфер зона „Разговарав со Реал Мадрид, но јас сакам да бидам легенда на Њукасл“

„Разговарав со Реал Мадрид, но јас сакам да бидам легенда на Њукасл“

Бразилскиот играч за врска Бруно Гимараеш е свесен дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, но уште еднаш истакнува дека е среќен во Њукасл.

Тој минатата зима потпиша договор со Њукасл за нешто повеќе од 40.000.000 и брзо се прилагоди на фудбалот во премиер лигата, стана еден од најважните играчи во тимот на Еди Хау.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Летово интерес за него покажа Реал Мадрид. Бразилецот потврди дека имало разговор со Реал Мадрид, но не се случувало ништо повеќе.

„Реал е најдобриот тим во светот и убаво е кога се интересираа за вас, но тоа беше само разговор, ништо повеќе… Сакам да бидам легенда на Њукасл. Луѓето овде ме сакаат и јас ги сакам нив. Никогаш не се сомневав во проектот на клубот“, рече тој. Гимараеш и ги запали навивачите.

Њукасл, иако клубот со најбогатите сопственици во светот, трпеливо гради тим кој ќе им го донесе успехот што го посакуваат во иднина, а нема сомневање дека Гимараеш треба да биде еден од клучните играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…