Дома Фудбал Гвардиола проговори за „клаузулата Реал Мадрид“ во договорот на Халанд

Гвардиола проговори за „клаузулата Реал Мадрид“ во договорот на Халанд

Ерлинг Халанд продолжува да го импресионира фудбалскиот свет и синоќа постигна нови два гола во Лигата на шампиони.

Веќе подолго време кружат шпекулации дека Норвежанецот е голема желба на Реал Мадрид и дека во договорот има опција да го напушти Сити по две сезони.

Гвардиола ги демантираше ваквите гласини и нагласи дека Норвежанецот нема клаузули во договорот.

„Во договорот на Халанд нема клаузула за негова преселба во Реал Мадрид. Тоа не е точно. Имам чувство дека тој е пресреќен во Манчестер Сити и дека ќе остане со нас многу долго“, изјави Гвардиола.

Халанд од почетокот на сезоната има 19 погодоци во дресот на Манчестер Сити во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…