Дома Трансфер зона Клоп идеалното засилување го најде во Милано

Клоп идеалното засилување го најде во Милано

Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Интер, Марсело Брозовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клоп во хрватскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.

Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Брозовиќ одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

29-годишниот плејмејкер неодамна го продолжи договорот со Интер до 2026 година и е многу важен за „нероаѕурите“, но Ливерпул спрема понуда која не се одбива.

Со оглед дека Клоп очајнички бара засилување за средниот ред „црвените“ се спремни во понудата да го вклучат и Фирмињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…