Дома Топ вести ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.

Меѓутоа, српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус и се вклопи во „сивилото“ на тимот. Наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека силен интерес за Влаховиќ покажува ПСЖ.

Тренерот Галтие потврди дека „светците“ се во потрага по класичен напаѓач кој ќе може да му отвара повеќе простор на Мбапе, а најголема желба е токму Влаховиќ.

Јасно е дека Јувентус нема да сака да го пушти најдобриот стрелец на средина од сезоната, но ПСЖ спрема богата понуда.

Наводно „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра за српскиот репрезентативец после Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…