Хал Сити го отпушти тренерот Шот Арверладзе на само неколку часа пред натпреварот.




Вечерва Хал од 21:00 часот игра против Лутон во 11. коло од Чемпионшип, а првиот тим привремено ќе го води Енди Давсон досегашниот тренер на младите селекции. Со Арвеладзе замина и неговиот помошник Питер Бен Ван Дер Вен.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Поранешниот грузиски репрезентативец го презема Хал во јануари и заврши на 19. место со кое избори опстанок во Чемпионшип во повратничката сезона откако една сезона овој клуб помина во третиот ранг.




Во новата сезона започна само со три победи во првите 10 кола што беше доволно клубот да биде на 20-тата позиција.




Хал пред само пет години играше во Премиер лигата, а од тогаш не дојдоа ниту блиску до враќање помеѓу најдобрите. Нивниот најдобар пласман во изминатиот период беше 13. место во Чемпионшип. Во 2020 година како последни испаднаа во Лига 1 и експресно се вратија.