Дома Фудбал ПСЖ спреми нов договор за Меси, познати деталите

ПСЖ спреми нов договор за Меси, познати деталите

Пари Сент Жермен сака да го задржи Лео Меси, а шпекулациите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона го натераа клубот побрзо да реагира со нов договор.

ПСЖ веќе спремил понуда за продолжување на договорот, а француските медиуми откриваат дека станува збор за 1+1 години и плата од 30 милиони евра по сезона.

Во овој момент тешко е да се предвиди дали Меси ќе се согласи да остане во Париз и после крајот на актуелниот договор, кој му истекува во јуни 2023 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона прави напори да го врати Меси на „Камп Ноу“, а тренерот Чави може да одигра клучна улога.

ПСЖ пак  не сака да го загуби и сака што побрзо да ја продолжи соработката со Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фулам му ги компликува плановите на Јунајтед: Баси преговара за нов договор

Калвин Баси е на списокот на дефанзивни желби на Манчестер јунајтед, но Фулам не планира ј…