Дома Фудбал Останато Meси го прескокна Роналдо во една категорија

Meси го прескокна Роналдо во една категорија

Aргентина во вчерашниот пријателски натпревар во Њу Џерси ја совлада Јамајка со 3:0, а два гола беа дело на Лионел Меси кој го одигра последниот половина час од натпреварот.

Голот во 89. минута од натпреварот Меси го постигна од слободен удар и тоа беше негов 59. вкупно на таков начин во кариерата. Со ова Меси го престигна неговиот дологогодишен ривал, Кристијано Роналдо кој на клупски и репрезентативен план од слободен удар постигнал 58 гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Португалецот на почетоците од нивното ривалство беше далеку подобар изведувач на слободни удари, но во последните години неговиот квалитет на изведувањето прекини е во пад, додека спротивна е ситуацијата кај Меси.

На врвот на оваа листа е легендарниот Жунињо кој постигнал 77 голови од слободни удари, а пред Меси и Роанлдо се уште Дејвид Бекам, Диего Марадона, Роналдињо, Пеле и Роналд Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Синот на Златан Ибрахимовиќ претставн во Амстердам!

Ајакс ја потврди шесмесечната позајмица на Максимилијан Ибрахимовиќ (19) од Милан, која вк…