Селекторот на Македонија и тренер на Алкалоид, Кирил Лазаров со емотивна порака се прости од Андон Бошковски кој вчера изненадувачки почина.
Лазаров и Бошковски беа блиски, а заедно Кире како играч, Бошковски како дел од стручниот штаб беа дел репрезентацијата на Македонија кога го освоивме 5-тото место на ЕП во Србија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
,,Почивај во мир Дондо мој. Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките.
Многу нефер од твоја страна.. Направивме многу заедно Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..
Нека ти е лесна земја и светол патот…
Сликата е од ЕП Србија 2012 после победата над Словенија за 5то место на прес конференција каде бевме горди Македонци“, напиша Лазаров на социјалните мрежи“, стои во пораката од Лазаров.