Дома Фудбал Репрезентации Милевски: Горд сум на момците и начинот на кој го одиграа натпреварот

Милевски: Горд сум на момците и начинот на кој го одиграа натпреварот

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Репрезентацијата на Македонија иако денес не може да се каже дека одигра лошо, сепак забележа пораз од 2:0 на гостувањето кај Грузија во Тбилиси. Овој пораз значеше и дека Македонија ги губи шансите за првото место во групата кое ќе им припадне на Грузијците.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека е горд на репрезентативците.

„Честитам на грузија за прво место и пласман во бараж. Горд сум на момците и на начинот како го одиграа овој меч. За жал загубивме по наши грешки, а мислам дека заслуживме многу повеќе. Доминиравме 90 мин, создадовме многу шанси за гол. Не ги коментирам судиите ниту вар. Има повеќе причини за индивидуалните грешки, поготово психичката и физичката подготвеност. Често ни се случува иако грешките се составен дел од фудбалот.

Селекторот е задоволен и од помладите, за него тие покажале дека имаат потенцијалч.

Овие млади момци она што го покажаа во Лигата на нации, покажаа дка поседуваат квалитет и потенцијал. Треба сите заедно да им дадеме подршка на тие момци. Имавме се, освен голот и реализација и мора да работат самите играчи кои доаѓаат во селекцијата.

Секогаш тимот е на прво место и кога се победува и кога губи. Не издвојувам никој и во позитивна и негативна смисла. Сите сме заедно и можеме да бидеме само горди на прикажаното и на потенцијалот на момците кои се прв пат со нас и ни останува тој потенцијал да го надоградуваме“, изјави селекторот.

Последниот натпревар во Лигата на Нации Македонија го игра в понделник кога во Скопје ни гостува Бугарија во терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…