Дома Фудбал Тухел може да биде депортиран од Велика Британија

Тухел може да биде депортиран од Велика Британија

Претходниот менаџер на Челзи, Томас Тухел може да биде депортиран од Велика Британија, пренесува „Телеграф“.

Од 6 септември Тухел е без ангажман откако беше ослободен од Челзи, но продолжува да живее во Лондон, бидејќи неговите ќерки одат во училиште.

Според „Телеграф“ при неговото пристигнување во Челзи во јануари 2021 година клубот го известил Тухел да извади специјална работна виза, која се дава на луѓе за кои се смета дека ќе придонесат за разојот на фудбалското првенство.

Меѓутоа, во моментов Тухел е со статусна невработен странец, што според тамошните закони значи дека може да отсане само 90 дена во Велика Британија.

Другата варијанта е тој да си најде друга работа во тој период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем го мерка Крупи: За напаѓачот на Борнмут се споменуваат 100 милиони фунти

Ели Жуниор Крупи се поврзува со јануарски трансфер во Тотенхем, но засега нема конкретна п…