Од Тбилиси Јовица Симоноски
Репрезентацијата на Македонија утре ја очекува натпреварот против Грузија во рамките од последното коло во Лигата на Нации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Противник на нашата селекција ќе биде Грузија со која во последните години одигравме неколку натпревари. Селекторот Благоја Милевски пред овој дуел се соочи со проблеми со повреди, а голем дел од фудбалерите и не беа во натпреварувачка форма во своите клубови.
Заедно со селекторот на прес-конференцијата пред овој дуел присуствуваше Езгјан Алиоски. Еден од грузиските новинари постави прашање до Алиоски дали се сеќава на овој стадион.
„Секако дека се сеќавам на овој стадион и на победата со која отидовме на ЕУРО. Знам дека не чека полн стадион, пеколна атмосфера, но не е важно дали ќе има полн стадион или нема да има навивачи, важно е што и како ќе одиграме на теренот“, одговори Џани па продолжи:
“Јас сум еден од постарите во репрезентацијата, но јас не сум потребен да мотивирам помладите. Со самиот повик во селекцијата сите треба да дадат 100 посто од своите можности и повикот е сам по себе мотив“
Атмосферата како и секогаш е одлична.
„Атмосферата е одлична во тимот, но ако победиме на еден вака важен меч атмосферата ќе биде уште подобра. Ќе го дадеме максимуот, ќе одиграме најдобро што можеме и се надевам на уште подобра атмосфера“, изјави Алиоски.
Натпреварот против Грузија го играме утре од 18:00 часот, а со оглед на тоа дека Грузија е лидер со 10 бода, додека ние сме втори со седум само победа ни е опција да останеме во игра за првата позиција во групата во последното коло. Ќе потсетиме, победникот од групата игра бараж за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.
Фото: Игор Паневски